Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ откако го пропушти ЕП, сега повторно ќе почека на враќање на теренот уште еден месец, па ќе го пропушти и стартот на новата сезона во италијанското Калчо закажано за 21 август, зашто се одолговлечи рехабилитацијата после новата операција на коленото.
Ибра во моментов тренира, но самостојно и надвор од тимот на Милан, па бидејќи рехабилирацијата трае подолго од очекуваното, со него нема да се ризикува додека целосно не биде подготвен, потенцира „Газета дело Спорт“, а според најавите неговото враќање би било после репрезентативната пауза за мундијалските квалификации на почетокот на септември.
Ибрахимовиќ во јуни имаше операција на коленото откако се повреди на мечот со Јувентус. Во Италија до паузата за репрезентациите ќе се одиграат две кола и во Милан затоа нема ни да ризикуваат со настапите на Ибра, а после мундијалските квалификации од 11 септември би требало да биде фит за новите предизвици во Калчото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА