Видеозаписот со потпевнувањето на Златан Ибрахимовиќ песна од Халид Бешлиќ во соблекувалната на ЛА Галакси за кратко време стана вистински хит по социјалните мрежи.
Слушањето на „Београѓанка“ предизвика воодушевување меѓу фановите на Швеѓанецот со босанско потекло, но имаше и бројни реакции од негови поранешни соиграчи. Посебно внимание предизвика коментарот на српскиот репрезентативец Немања Матиќ кој често сака да се шегува со поранешниот свој соиграч од Манчестер јунајтед…
„Сељак“ – напиша Матиќ во свој стил под видоезаписот на Ибрахимовиќ.
Но, Златан ко Златан, не му остана должен…
„Мајсторе, ти си оригинал сељак“ – напиша напаѓачот на ЛА Галакси.
Интересно, на сето тоа Матиќ му одговори: „Ајде дојди, стигна ајварот од Македонија“…
Ибрахимовиќ и Матиќ, во периодот додека играше Златан за Манчестер јунајтед, речиси и да беа неразделни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА