Златан Ибрахимовиќ е решен да продолжи да игра фудбал уште една сезона и покрај тешката повреда поради која шведскиот ас ќе паузира од терените најмалку до крајот на оваа 2022 година.
Ибракадабра веќе им ја соопштил својата одлука на челниците на Милан, кои се подготвени да му ја исполнат желбата и да му понудат нов договор за уште една сезона. Фактот дека Златан ќе биде повреден во голем дел од сезоната не ги загрижува „росонерите“, кои се убедени дека тој со своите лидерски способности ќе му помогне на тимот и додека не е присутен на теренот.
Едно е сигурно, Швеѓанецот ќе има значително намалување на платата во однос на изминатите две сезони, кога беше најплатен фудбалер во Милан.
„Росонерите“ до крајот на оваа седмица ќе го официјализираат доаѓањето на Ориги од Ливерпул, а во завршна фаза се и преговорите со Лил за португалскиот репрезентативец Ренато Санчез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА