Златан се навреди: Не дојдов во САД за да ме споредувате со Вела

Златан Ибрахимовиќ постигна хет-трик на градското дерби на Лос Анџелес, предводејќи го ЛА Галакси до триумф од 3-1 над големиот градски ривал. Мотивираноста кај Ибракадабра беше максимална со оглед на фактот дека предводник на ривалот беше Максиканецот Карлос Вела, кој влезе во дуелот како најдобар стрелец во МЛС-лигата.

Вела дури и го постигна водечкиот гол за својот тим, пред Ибрахимовиќ да ги преземе работите во свои раце, со хет-трик да направи целосен пресврт, а потоа и во изјавата по мечот да ги „искара“ новинарите за споредбите.

„Не работев толку многу цела кариера, па сега да дојдам во САД за да ме споредувате со Карлос Вела. Новинарите направија голема грешка, не можете да споредувате Ферари со Фиат. Вечерва покажав дека сум најдобар фудбалер во лигата“ – изјави Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...