Додека Ибра се релаксира во Штип, неговиот агент Мино Раиола ги договора условите за преселба во редовите на ЛА галакси. Америчкиот медиум „И-Ес-Пи-Ен“, тврди дека клубот од МЛС – лигата е подготвен да ги задоволи потребите на Златан и да му понуди речиси иста плата колку што заработува во Манчестер Јунајтед.
Ибрахимовиќ во Јунајтед заработува околу 300.000 фунти неделно, а планот на Галакси за плаќање на неговите услуги е да ги обезбедат преку заработката од спонзоства. Засега не се знае дали се преговара за ангажман во овој преоден рок или пак на лето, но логично е дека Ибра би заминал од Манчестер по завршувањето на оваа сезона, бидејќи Мурињо и неговите фудбалери се уште се во трка за трофејот во Лигата на шампиони.
36-годишниот голгетер последен пат играше во декември пред да заработи повреда на коленото на „Боксинг деј“. Пред неколку дена започнал со минимални тренажи, но притисокот за опоравување е минимален откако на „Олд трафорд“ пристигна нова напаѓачка сила, Алексис Санчез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА