Златан-шоу на Сан Ремо: Испратете пет пејачи во Ливерпул, слушам дека барале персонал

Златан Ибрахимовиќ беше во главна улога на отворањето на Сан Ремо, на кое шведскиот голгетер се појави на сцената и имаше кратко шоу пред присутните.

„Чест ми е што сум овде, но да бидам искрен, и вам треба да ви е чест што некој како мене е денеска овде на подиумот“, во свој стил прокоментира голгетерот на Милан.

Потоа, Златан се обиде да наметне свои „правила“ за овој музички фестивал.

„Значи вака… мора да бидат две групи од по 11 пејачи, значи вкупно 22“, почна Ибракадабра, па кога му беше објаснето дека на фестивалот учествуваат 27 автори тој продолжи во свој елемент… „, Избркајте ги… или уште подобро продајте ги на друго место. Слушам дека Ливерпул бара персонал“, се пошегува Златан на сметка на актуелниот првак на Англија.

Се вчитува...