Златан си го одбра голот на кариерата: „Им дадов подарок за цел живот“

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе стигне до бројката од 500 погодоци во својата кариера. Па, се одлучи да го избере најдрагиот…

По мечот на ЛА Галакси против Минесота (2-2), Ибрахимовиќ се одлучи да го избере најдрагиот свој гол во кариерата. А , тоа е оној против Англија од 2012 година кога мрежата на противникот ја затресе со ножички од околу 40 метри. Секако, тоа популарниот Златан го претстави на свој начин…

„Постигнав многу голови кои луѓето ќе ги паметат, но оној на кој засекогаш ќе се сеќаваат е голот против Англија кој го дадов со ножички. На почетокот фудбалерите на Англија ми зборуваа се и сешто и во текот на мечот беа навистина безобразни, па одлучив да им дадам подарок за цел живот“ – вели Ибрахимови коментирајќи го феноменалниот свој погодок…

Се вчитува...