Златан со еден гол против Специја ќе урне два рекорди

Златан Ибрахимовиќ вечерва ќе го предводи Милан на гостувањето против Специја, во обид да ги задржи „росонерите“ на врвот на калчолигашката табела, но и со евентуален погодок да урне два нови рекорди во својата фантатична кариера.

Првиот, со гол против Специја Златан би станал највозрасен играч со најмногу голови во една сезона во историјата на Серија А. Ибрахимовиќ досега има 34 гола на 39-годишна возраст, а на исти години во сезоната 1951-52 легендарниот Силвио Пиола постигнал 15 погодоци.

Доколку биде стрелец вечерва, Специја ќе стане вкупно 80. различен клуб од Топ 5 лигите во Европа против кои Ибрахимовиќ има постигнато најмалку по еден гол. Со тоа, Швеѓанецот кој пред Милан настапуваше и за Јуве, Интер, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед ќе стане прв играч кој дал гол против 80 различни ривали во овие врвни лигашки натпреварувања.

Се вчитува...