Тео Хернандез е трагичарот на Милан во прераната елиминација од ЛШ од Феенорд, откако францускиот лев бек доби црвен картон во второто полувреме при водство од 1-0, целосно менувајќи го натамошниот тек од натпреварот.
И додека навивачите се бесни на дефанзивецот кој поради обид за глума го остави тимот на цедило, директорот Златан Ибрахимовиќ упати зборови со поддршка за Французинот.
„Феенорд воопшто не беше подобар од нас, ние едноставно се самоубивме. Секако дека сме разочарани, судијата беше премногу строг кон Тео, без предупредување пред црвениот картон. Тео не е актер, тој дава се од себе“, изјави Ибрахимовиќ.
„Тоа може да му се случи на секого. Разочарани сме, но сигурно ќе застанеме зад нашиот соиграч. Тој знае дека ја има нашата поддршка“, додаде стрелецот на голот за Милан, Сантијаго Хименез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

