Златан во свој стил: Колку што јас имам голови, останатите…

ЛА галакси загуби со 5-3 на гостувањето во Торонто, но никој не говори за конечниот резултат, туку за неверојатниот погодок што Златан Ибрахимовиќ го постигна, откако Швеѓанецот со неверојатен кунг-фу удар ја смести топката во мрежата за својот јубилеен 500. гол во кариерата.

А Златан не би бил она што е доколку по една ваква мајсторија не даде и нарцисоидна изјава.

„Гледано индивидуално фантастично е што постигнав 500 гола во кариерата, најверојатно имам повеќе голови отколку што сите овие играчи имаат одиграно натпревари заедно. Не ми беше првпат ппротивничките навивачи да ми аплаудираат, кога и да гостуваме во МЛС-лигата чувствувам дека тие се мои фанови, дека го ценат она што го правам“ – изјави Ибрахимовиќ.

Следеше и фантастичен коментар на социјалните мрежи: „Блазе си му на Торонто, ќе го памети мојот 500. гол во кариерата“ – напиша Златан.

 

Се вчитува...