„Златен гонг“ ќе слави половина век постоење

Најпрестижната боксерска манифестација во земјава, „Златен Гонг“ ќе слави редок јубилеј, 50 години од постоењето, а ќе се одржи од утре до сабота во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Боксери од осум земји ќе бидат присутни на годинешното јубилејно издание на манифестацијата, а Македонија ќе ја претставуваат четири боксери.

„Јубилејот од половина век од одржувањето на првата боксерска манифестација го става „Златен гонг“ на позиција на македонски спортски бренд“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Досега „Златен гонг“ го освојувале голем број македонски боксери, а меѓу освојувачите на приматот се и Аце Русевски, Вели Мумин, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски и Примислав Димовски.

Фото: www.sportskoradio903.com.mk

 

Се вчитува...