Златен медал за Кина и нов светски рекорд во брзо лизгање

Кинескиот натпреварувач Ву Даџинг на ЗОИ во Пјонгчанг го освои златниот медал во брзо лизгање на 500 метри и го поправи сопствениот светски рекрод.

Ву стана олимписки шампион со резултат од 39,584 секунди што е за три стотинки подобро време од светскиот рекорд што го постави во четвртфиналето.

За Кина ова е прво злато во спринт во Пјонгчанг, покрај двата средбрени медали што ги освоија кинеските лизгачи во другите дисциплини.

Сребрениот медал му припадна на домашниот натпреварувач Хванг Даехон кој заврши со резултат од 39,854 секунди, а неговиот сонародник Лим Хјојун ја освои брозата со 39,919 секунди.

Се вчитува...