Каратистот на “Макпетрол” Стефан Стојановиќ, успеа да го освои златниот медал во највозрасната категорија на постари јуниори (U21) +84 кг. На завршниот турнир на Светската 1 Премиер лига во Венеција учествуваа 4000 спортисти од 81 држава. Венеција го доби статусот на најголем и најмасовен натпревар за млади каратисти во светот.
Стефан Стојановиќ го освои златниот медал, совладувајќи го во финалето Олександер Козлијан од Украина со резултат 3-1. Стојановиќ во елиминацискиот дел до финалето извојува четири победи.
Резултати Карате 1 Младинска лига:
У-21 + 84 кг
Стефан Стојановиќ – Мика ван Вундерберг (Холандија) 5-0
Стефан Стојановиќ – Џонатан Росигноли (Италија) 1-0
Стефан Стојановиќ – Александер Дејвис (Луксенбург) 2-2
Стефан Стојановиќ – Данил Касијанов (Украина) 1-0
Финале
Стефан Стојановиќ – Олександар Козлијан (Украина) 3-1
Со оваа победа и освоениот златен медал , Стојановиќ покажа зашто е редовно најдобар каратист во светот до 21 година во категоријата над 84 килограми.

Стефан ги исполни очекувањата на тренерот Петар Заборски и ја заокружи оваа година на најубав начин со освоен златен медал во Младинската најмасовна и најголема светска лига. Стефан Стојановиќ со овој резултат останува да биде прв или втор на Светската Ранг листа на WKF (Светска карате федерација), до крајот на 2024 година
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

