Свечената церемонија на доделувањето на пет Златни олимписки оскари ќе се одржи во среда, во 11 часот и 45 минути, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Имајќи го предвид големиот сон што сум го почуствувал длабоко во мојата спортска душа, после долгиот и макотрпен пат, конечно ја постигнав целта, тој сон да го претворам во реалност. Па така, денес и засекогаш, моето име достоинствено и гордо стои таму каде што со златни букви се напишани имињата на светските великани, на врвот на Олимп.
Незаборавен спортист, ас над асовите, неповторлив, освоил се што требаше да се освои, олимписки шампион, олимписки вицешампион… сега веќе спортска легенда… Кобра на тапет, борачот Шабан Трстена – спортист на милениумот во 2000 година. Прогласен сум за најмлад шампион во историјата на олимпизмот на 19 – годишна возраст, затоа и се чувствувам горд што во 122 години олимпизам, се уште и ден денес останувам носител на рекордот, најмлад освојувач на златен олимписки медал. Исто така, четири години подоцна на следната олимпијада во Сеул во 1988 година, повторно се искачив на пиедесталот освојувајќи го овој пат сребрениот медал. Два пати сум прогласен за најдобар борач во светот и во Европа, и тоа во олимписките години 1984 и 1988, спортист на 20. век во Република Македонија, седум пати најдобар спортист на Македонија и 10 пати најдобар спортист на град Скопје. Сум бил прогласен за најдобар спортист во поранешна Југославија во олимписката година, 1984.
Освен тоа што сум бил олимписки шампион, сум бил и освојувач на медали на европски и на светски првенства, а многу пати сум бил и шампион на Медитеранот. Значи, чест ми е и задоволство како спортист на 20. век – со доделувањето на наградата Златен олимписки оскар да го изразам моето признание за луѓето кои многу години, во најтешките времиња беа покрај мене, и истовремено ја изразувам мојата почит за секого кој знаел да го цени и вреднува мојот успех, а особено олимписките вредности.
Свечената церемонија на доделување на златниот олимписки оскар сега веќе ќе стане традиционално доделувајќи секоја година пет олимписки оскари, кои го претставуваат симболот на златниот олимписки медал за истакнати личности.
Со голема почит, олимпискиот шампион
Шабан Трстена
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА