Златко Далиќ, нов тренер на Ајакс?!

Ајакс го отпушти Алфред Шрудер по серијата катастрофални резултати, холандскиот гигант ја почна потрагата по нов тренер, а главен фаворит во оваа трка е Златко Далиќ.

Актуелниот хрватски селектор повторно е на цена во фудбалската јавност по освоената бронза на СП во Катар, па раководството на Ајакс на него гледа како на идеален предводник на овој проект на подолг рок. Она што е извесно е дека Хеитинга ќе го води Ајакс на наредните натпревари, а не се исклучува можноста младиот стратег да остане на клупата до крајот на сезоната, а потоа на негово место да дојде Далиќ.

Ваквата варијанта му одговара и на самиот селектор на Хрватска, кој наводно инсистира да ја води својата репрезентација на завршниот турнир од Лигата на Нации, но е расположен за разговор за соработка почнувајќи од стартот на новата сезона.

Се вчитува...