Златко Далиќ успешно опериран во Загреб

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ денеска беше опериран во Загреб.

Операцијата е направена во болницата „Света Катарина“, а операцијата успешно ја извршил познатиот хирург Трпимир Врдољак, пренесуваа хрватските медиуми. Операцијата на колкот беше од рутинска природа, а Далиќ ќе се врати дома по неколкудневно опоравување во болница.

Според лекарските проценки, тој би требало да може повторно да се движи за два месеци. Ова значи дека тој ќе биде целосно подготвен за Лигата на нациите во март, која Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нации ќе игра против Франција.

Далиќ одлучил да ја оперира поради мали проблеми со одењето и повремено куцање. Оваа интервенција се очекува значително да го подобри квалитетот на неговиот живот.

Се вчитува...