Златко Мојсоски го продолжи договорот со РК Бутел

Искусното десно крило Златко Мојсоски и во наредната сезона останува во Бутел Скопје. Тој го продолжи договорот на уште една сезона, што за него ќе биде четврта во дресот на скопскиот тим. Мојсоски, кој е еден од најдобрите стрелци во екипата, изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор.

„Задоволен сум што го продолжив договорот со Бутел Скопје и што понатаму ќе го носам дресот на оваа амбициозна екипа. За следната сезона имаме респектибилен ростер и едвај го чекам стартот. Се надевам ќе бидеме уште подобри од претходните сезони и ќе оствариме голем успех“, вели Мојсоски. 

Претходно Бутел Скопје ги продолжи договорите со Димитар Ѓоргиевски, Мирко Мајиќ, Томче Стојановски, Бојан Блажески, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ и Јовица Младеновски, а нови засилувања за тимот се Саша Пулјизовиќ, Градимир Чаневски, Кристијан Давитковски, Денис Тот, како и младите Иван Андревски и Филип Фидановски.

Се вчитува...