Златко Таневски во стручниот штаб на Работнички (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Златко Таневски се приклучи во стручниот штаб на ФК Работнички за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

39-годишниот Таневски ќе биде во стручниот штаб на Милан Илиевски меѓу „романтичарите“, откако претходните две години, пак, ги мина во стручниот штаб на Вардар по завршувањето на својата играчка кариера.

Таневски во својата кариера играше за Цементарница 55 и Вардар во македонското првенство, а беше член и на полските прволигаши Лех Познањ и Белшатов во периодот од 2006 до 2012 година.

Се вчитува...