Екипата на Македонија ЃП денеска ги почна подготовките, а во следните денови треба да го комплетира трансферот на играчот од средниот ред на Шкупи, Алекс Златков.
Златков сезонава одигра само четири натпревари на тимот од Чаир, а би дошол во таборот на „лавовите“ како замена за Драган Стојков кој вчера си замина од клубот.
Златков е во Шкупи од јули 2022 година, кога дојде во чаирскиот тим од словенечки Триглав. Но, откако стана јасно дека за него нема место оваа сезона во таборот на „гулабите“, ќе оди во Ѓорче Петров по поголема минутажа.
Тој е актуелен македонски младински репрезентативец, за селекцијата до 21 година има одиграно шест натпревари. Во минатото играше за помладите селекции на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

