Златна резерва: Пашалиќ ја потопи Рома за само 19 секунди (видео)

Рома е се подалеку од пласман во ЛШ откако „волчицата“ го загуби и третиот меч во низа, овојпат на гостувањето против директен ривал во трката за четвртото место. Римјаните имаат за што да жалат бидејќи по првото полувреме во Бергамо имаа водство од 0-1 преку Един Џеко, но Аталанта направи целосен пресврт во вториот дел, стигнувајќи до цел плен.

Херој на „сино-црните“ беше Хрватот Марио Пашалиќ, кој влезе во игра и мина на теренот само 19 секунди пред со фантастичен удар да ја затресе мрежата на гостите. Ова е втор најбрз гол на резервен фудбалер во историјата на „Серија А“, зад оној на Леван Мхедлидзе, кој по само 14 секунди игра постигна гол против Сасуоло, меч одигран во март 2015 година.

Аталанта со вечерашниот триумф има шест бода повеќе од „волчицата“, а по трите порази во серија, расте притисокот врз тренерот Фонсека, кој би можел да добие отказ доколку во најскоро време не најде излез од кризата.

Mario #Pasalic has scored the fastest goal by a substitute in Serie A (19 seconds) since Levan Mchedlidze vs Sassuolo in March 2015 (14 seconds in that case). Flash

Се вчитува...