Оливие Жиру сезонава го загуби првотимскиот статус од Александр Лаказет, но францускиот голгетер секогаш кога ќе влезе во игра е максимално мотивиран да му помогне на Арсенал. Тоа беше случај и на денешниот дуел против Саутемптон, на кој Жиру се најде на вистинско место во вистинско време, па со прецизен удар со глава им донесе бод на „топчиите“.
Со овој погодок Французинот го стигна рекордот на Оле Гунар Солскјер за постигнати голови како „златна резерва“ во Премиер-лигата во настапите за еден клуб.
Ова беше 17. гол на Жиру откако влегува во игра од клупата, исто толку зад своето име има и легендарниот Норвежанец кој важеше за „џокер“ на Сер Алекс Феругсон во Манчестер јунајтед.
Жиру поради премалата минутажа сезонава најверојатно во јануари ќе се пресели на позајмица во друг клуб, во обид да се избори за место во француската репрезентација за СП 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА