„Златна топка“ 2021: Педри го освои трофејот „Копа“, признание за најдобар фудбалер до 21 година

Играчот од средниот ред на Барселона, Педри вечерва ја доби наградата за најдобар млад играч во светот. Откако неодамна ја освои наградата „Златно момче“ што ја доделува „Тутоспорт“ за најдобар играч во светот до 19 години, Педри вечерва го освои и трофејот „Копа“, за најдобар играч до 21 година, кој традиционално го доделува „Франс Фудбал“.

Педри зад себе има импресивна година во која стигна до шпанската репрезентација, но и олимписка година со која стана вицешампион. Тој одигра рекордни 75 натпревари во сезоната 2020/21.

Педри не го заборави Лео Меси, па откако излезе на подиумот му се заблагодари нему и на останатите колеги од Барселона.

„Им благодарам на моето семејство и моите пријатели, но и на Лео Меси, кој исто така е тука вечерва. Тој најмногу ми помогна да ја освојам оваа награда“, изјави Педри.

 

 

 

Се вчитува...