По две години, вечерва во Париз по 65-ти пат се доделува најважната индивидуална фудбалска награда „Златна топка“.
На самата церемонија нема да присуствува петкратниот добитник на оваа награда, Кристијано Роналдо.
Португалецот наводно е во карантин, но „Франс фудбал“ го обвинува дека не ја кажува вистината. Ова е само продолжение на острата полемика меѓу фудбалерот на Манчестер Јунајтед и главниот уредник на престижниот магазин Фере.
Дури Роналдо и јавно му одговори на неговата изјава неколку часа пред церемонијата, во која Фере изјави дека Португалецот не заминал во пензија само за да го престигне Меси по бројот на „Златните топки“.
Cristiano Ronaldo response to France Football editor: #BallondOr pic.twitter.com/0tmkMT5cXk
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА