„Златна топка“ за Ада Хегерберг

Првата историска „Златна топка“ за најдобра фудбалерка во годината ја доби норвешката репрезентативка Ада Хегерберг. Фудбалерката на францускиот Лион победи во тесната битка со Перниле Хардер. Во конкуренција за признанието беа 15 девојки.

Хегерберг со нејзиниот клуб ја одбрани титулата во Лигата на шампионките. 23-годишната Норвежнка веќе има една голема нагрaда, за фудбалерка на 2016 во изборот на УЕФА.

 

Се вчитува...