„Златната божица“ стигна во Скопје, мундијалот 2026 останува „сон на Македонија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пехарот од Светското првенство пристигна во Скопје, како дел од светската турнеја која ќе ја има популарната „Златна божица“ околу светот, пресрет Мундијалот кој на крајот на годината ќе се игра во Катар.

Поранешниот бразилски фудбалер Жилберто Силва како амбасадор на ФИФА, го донесе за прпват пехарот во Македонија и ни порача дека се надева дека во брза иднина ќе ја види и нашата репрезентација на големиот собир.

Македонија беше на чекор до учество на мундијалот во Катар, но не успеа да се пласира откако во финалниот бараж натпревар беше поразена од Португалија.

 

 

Се вчитува...