Олимписката шампионка во велеслалом од 2010 година, Викторија Ребенсбург ја завршува скијачката кариера. Повлекувањето на „златаната девојка“ на германското скијање е своевидно изнеандување, но таа вели дека веќе не може да достигне највисокото ниво. Ребенсбург има 30 години.
„Денеска дефинитовно е тежок ден за мене бидејќи донесов одлука по 13 години да ја завршам професионалната кариера. Со тешко срце и по долго размислување во последниве неколку седмици ја донесов оваа одлука. По повредата оваа пролет, на тренинзите овие два месеци забележав дека не можам да го достигнам моето најдобро ниво“ – напиша Германката на социјалните мрежи.
По триумфот во велеслалом на Зимските олимписки игри во Ванкувер во 2010 година, Ребенсбург стана едно од главните лица на светското скијање. Таа беше главна германска адутка особено по повлекувањето на Марија Хофл-Риш во 2014 година. Ребенсбург има 19 победи на трките од Светскиот куп во велеслалом, супервелеслалом и во спуст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА