„Златната генерација“ на Белгија на крајот стана само едно големо ништо!

Белгија загуби од Италија со 2-1 во натпреварот за третото место во второто издание од Лигата на нации. Ако се вратиме во 2014 година кога тогаш младите Белгијци загубија по продолженија од Аргентина на Светското првенство во Бразил, многу очекуваа токму оваа селекција да доминира во следниот период.

Сепак, не се случи тоа. Иако во тимот во исто време изминатите години ги имаа Азар, Де Бруине, Лукаку… Белгијците на последните четири големи натпреварувања не направија никаков исчекор.

Прво на Европското 2016 во Франција беа сопрени од Велс во четвртфиналето. Потоа на мундијалот две години подоцна го направија и најголемиот резултат освојувајќи го третото место. На Европското првенство годинава беа елиминирани од Италија во четвртфиналето, а денеска завршија како четврти во Лигата на нации.

 

Се вчитува...