Се е подготвено за спектаклот што вечерва ќе се одржи во Скопје – хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда од кој сите приходи ќе заминат за помош на семејствата на жртвите од големата трагедија во Кочани.
Српскиот шампион во манир на голем клуб организираше и сопствена фан-зона пред самиот стадион, каде се очекува да се соберат приврзаниците на „црвено-белите“. Во фан-зоната може да се купат сувенири, но и да се види „Златната копачка“ што во дресот на Црвена Звезда ја освои нашата фудбалска легенда Дарко Панчев, како и пехарот од Купот на Европските Шампиони што го освои овој клуб, токму со Панчев и Илија Најдовски во своите редови…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА