„Златната ракавица“ е опција за замена на Нојер

Откако е јасно дека Баерн Минхен до крајот на сезоната ќе остане без Мануел Нојер, кој на скијање ја скрши ногата и го чека долга пауза, „Баварците“ се во потрага на нов чувар на мрежата.

Пропадна можноста да биде ангажиран Доминик Ливаковиќ, кој според зборовите на Оливер Кан, не е за германскиот шампион. Една од опциите сега е Емилијано Мартинез, актуелниот голман на Аргентина и на Астон Вила кој го освои пехарот од Мундијалот, и беше прогласен за најдобар голман на Мундијалот.

Мартинез во моментов чини околу 25 милиони евра, што не е проблем за „Баварците“ со оглед дека ја одредијаа таа сума за нов голман.

Сепак, она што го размислуваат во таборот на Баерн, е дали да ангажираат само привремено решение, додека се врати Нојер, или, пак, веќе да му бараат замена со оглед дека информациите велат за лутината на раководството на тимот од Минхен поради заработената повреда надвор од фудбалските терени.

Се вчитува...