Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ се очекува да биде годинашен добитник на „Златната топка“, престижната индивидуална награда која изминатата деценија беше ‘резервирана’ само за Лионел Меси и за Кристијано Роналдо, мегаѕвездите што ја одбележаа фудбалската ера на 21.век. Гала – свеченоста на „Франс Фудбал“ ќе се одржи вечерва во Париз, а најавено е дека двајцата главни ривали во изборот, Кристијано Роналдо и Антоан Гризман, нема да присуствуваат на церемонијата на доделувањето.
Ова и дефинитивно најавува дека Хрватот треба да го добие признанието, комплетирајќи ја колекцијата во 2018 година. Во потесниот избор на „Франс Фудбал“ оваа година се наоѓаат дури 30 фудбалери.
Лука Модриќ со приватниот авион на Реал Мадрид, во друштво на претседателот Флорентино Перез, капитенот Серхио Рамос, Марсело, како и поранешните ѕвезди на „кралскиот клуб“, Раул Гонзалес и Роберто Карлос.
Хрватскиот интернационалец оваа година ги освои наградите на УЕФА и на ФИФА за најдобар светски фудбалер, го доби признанието и на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), а беше прогласен за најдобар спортист и од американскиот магазин „Gentlemen’s Quarterly“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА