„Златната топка“ нема да биде доделена во 2020 година

Поради пандемијата од коронаривирусот и прекинот на поголемиот дел од првенствата и одложувањето на Европското првенство, „Франс фудбал“ одлучи годинава да не ја додели наградата за најдобар фудбалер во светот „Златна топка“.

Престижната награда првпат се додели во 1956 и ова е првпат да се откаже нејзиното доделување. Минатата година последниот кој се закити со престижното признание беше Лионел Меси за кого тоа беше шести пат во кариерата.

Се вчитува...