Ракометната репрезентација на Македонија направи голем успех освојувајќи го 9. место на Светското првенство кое се игра во Чешка.
Со само два порази од финалистот Данска и одличната Норвешка и пет победи избраниците на Радослав Стојановиќ го завршија настапот на шампионатот. Вечерва во последниот меч на Мундијалот Македонија во борбата за 9. место беше подобра од Чешка со 28-22.
Нашите надежи одлично го почнаа мечот поведувајќи со 3-0. Во текот на првиот дел цело време бевме во позитива (највисоката беше плус четири 10-6 и 13-9), а на пауза заминавме со позитива од два гола 13-11.
Вториот дел Чесите го стартуваа многу подобро. Веднаш стигнаа до израмнување, но како одминуваше мечот разликата во квалитет беше видлива, па на три минути до крајот беа решени сите дилеми околу победникот откако Македонија стигна до највисоките плус шест (26-20).
До крајот само рутински го приведовме мечот за конечни 28-22. Мирче Калајџиески со 12 гола беше прво име во нашиот табор, додека го следеше Давид Димевски со осум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА