Ѕвезди во подем…Младите фудбалери кои доаѓаат да одиграат на Европско првенство (У-21), освен спортскиот мотив и победите со својот национален тим, имаат и уште една голема желба, да го претстават својот квалитет пред светскиот аудиториум. Таму се раѓаат и големите ѕвезди…Наградата „Златно момче“, ја добива најкорисниот играч на шампионатот, фудбалерот што ќе остави најголем впечаток кај светската јавност со своите игри.
Досега ова признание го добивале врвни мајстори на фудбалската игра…Во 1982 година, Германецот Руди Фелер беше „златното момче“, четири години подоцна – Мануел Санчис, кој стана една од легендите на Реал Мадрид. Во 1988 година признанието му припадна на Французинот Лорен Блан, а во 1990 на Давор Шукер, сегашниот претседател на Хрватската фудбалска федерација.
Признанието го добивале и Италијанците Фабио Канаваро (1996), Андреа Пирло (2000) и Алберто Џилардино (2004), но и Луиш Фиго (1994), Клас Јан Хунтелар (2006)…Последните три „златни момци“ се Хуан Мата (Шпанија), Тијаго Алкантара (Шпанија) и Вилијам Карвалјо (Португалија), од земјите со кои Македонија ќе ги одмери силите на претстојното Европско првенство во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА