Македонските таеквондисти освоија златен и сребрен медал во поединечна конкуренција на Европското клупско првенство кое се одржува во Солун, Грција, а на кое македонски претставник е ТК Бутел од Скопје.
Филип Додевски, во категоријата до 87 килограми со пет победи, против Грците Диамантидис и Антониос, Бабаевски од Русија, Трабелси од Тунис и Србинот Драшко Јованов стигна до златниот медал, додека Дејан Георгиевски во категоријата над 87 килограми, со двете победи над Марчетиќ од Србија и Омар од Франција, а по поразот од актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија на крајот го освои среброто.
Одлични настапи имаа и Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски кој во израмнета борба во полуфиналето за „влакно“ не успеа да стигне до медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА