Јамајка има нов спринтер – светски шампион откако Облик Севил ги изенади фаворитите во големото финале на Светското првенство во Токио.
Севил беше одличенн и во квалификациите и во полуфиналето, но сепак во пресрет на големото финале погледите беа насоченни кон Кишејн Томпсон и Ноа Лајлс. Сепак, најинтересната трка на шампионатот мина во знакот на Севил, кој пред очите на својот идол Усеин Болет (се наоѓаше на трибините во Токио) стигна до првото место за време од 9,77 секунди.
Среброто му припадна на Томпсон со време од 9,82, додека Американецот Лајлс мораше да се задоволи само со третата позиција, со време 9,89. Олимпискиот вицешампион Лесли Тебого од Боцвана беше дисквалификува поради грешка на стартот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

