Злато за Ел Бакали и тежок пад во финалето на 3.000 метри стиплчес

Мароканскиот атлетичар Софијан Ел Бакали стигна до златниот медал на трката на 3.000 метри со пречки, но резултатот остана во сенка поради падот на светскиот рекордер Ламеча Гирма. На претпоследната пречка Гирма кој беше во полна брзина не успеа да ја прескокне, па падна директно на главата по што мораше со носила да биде изнесен.

Мароканецот стигна до златото со време од 8:06.05, среброто му припадна на Aмериканецот, Кенет Рокс, додека со бронза се закити Абрахам ибивот.

Се вчитува...