Женската штафета на Канада во брзо лизгање го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Канаѓаните до златото стигнаа со време од 2:53.44 минути што е нов олимписки рекорд во потера.
Среброто го освои екипата на Јапонија која доцнеше 11.03 секунди зад времето на златните Канаѓанки, додека со бронзата се закити Холандија која во дуелот за трето место беше подобра од Русија.
Во машка конкуренција до златото стигна Норвешка која во финалето ја победи Русија, која во полуфиналето постави олимписки рекорд, но немаше сила да го повтори тој резултатот и во дуелот за злато. Бронзата им припадна на Соединетите американски држави кои во дуелот за трето место беа подобри Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА