Аршад Надим од Пакистан го освои златниот медал во фрлање на копје на ЛОИ во Париз. Надим постави и нов олимписки рекорд, кој сега изнесува 92,97 метри.
Далеку зад него на втората позиција беше досегашниот олимписки првак Нераџ Чопра од Индија кој фрли 89.45 метри. На третото место и бронзен медал за Андерсон Питерс од Гренада со 88.54 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА