Швајцарецот Лоик Мејард е новиот олимписки победник во слалом. Мејард ја заврши трката најбрзо, а зад него беше Фабио Гштрајн од Австрија кој заостануваше 35 стотинки. Бронзата му припадна на Хенрик Кристоферсен од Норвешка, кој доцнеше од првопласираниот 1,13 секунди.
Мејард освои злато, сребро во тимската комбинација и бронза во велеслалом. За овој златен медал му „помогна“ и Норвежанецот Атл Ли Мекграт, кој водеше по првото возење, но направи грешка на стартот од второто, па предвреме ја заврши трката.
Швајцарците освоија четири од петте златни медали во скијање на овие Игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

