Македонскиот кикбоксер Лука Змејкоски зaгуби со прекин во полуфинaлето на Европското јуниорско првенство во Јесоло, Венеција во Италија и на тој начин го освои бронзениот медал на шампионатот.
Змејкоски во полуфиналето загуби од Гркот Јоанис Емануилидис.
„Грчкиот натпреварувач не прикажа никаква техника, ниту подготвеност, освен што беше многу потежок и повисок. Таква е категоријата над 81 килограм, може да има голема разлика во килажата и, едноставно, нашиот натпреварувач не можеше да се носи со него“ – истакна по борбата, македонскиот селектор Дејан Митровски – Урко.
Така, Змејкоски го освои бронзениот медал на ЕП. Ова е прв медал за Македонија на првенството.
Утре Марија Димовска ќе се бори за влез во финале против Турчинката Рабија Карадаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

