Експедицијата на Ливерпул веќе пристигна во Португалија, каде „црвените“ утре вечер ќе се сретнат со Порто во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Добра вест за Јирген Клоп е што Натаниел Клајн конечно ги остави зад себе повредите и се стави на располагање на стручниот штаб. За потсетување, овој дефанзивец минатата сезона беше незаменлив на позицијата десен бек, но поради болки во грбот ги пропушти првите шест месеци од оваа сезона.
Клоп на оваа позиција досега ги ротираше Гомез и Трент Арнолд, но јасно е дека со враќањето на Клајн одбраната на Ливерпул уште повеќе ќе добие на цврстина. Секако, не се очекува тој да биде стартер против Порто, но јасно е дека камбекот на англискиот репрезентативец е само прашање на ден, а не на месец како што беше до неодамна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА