Значаен триумф на Шкупи над Гостивар во Скопје

Шкупи стигна до презначајна победа во битката за опстанок совладувајќи го Гостивар со 90-79 во вториот натпревар од 20. коло во Првата кошаркарска лига.

По изедначената, но игра во серии која го одбележа првото полувреме во кое и двата тима го менуваа водството (44-45), победникот на средбата беше одлучен во третата четвртина во која Шкупи на крилја на Арнолд и Мохамед го надмина отпорот на противникот. Добрата одбрана донесе лесни поени на спротивната страна па домаќините стекнаа двоцифрена предност (74-64) која беше доволна за мирен финиш на средбата.

Со по 24 поени лидери на Шкупи беа Мохамед и Сила, додека 24 поени за Гостивар постигна Елис.

Се вчитува...