Наша денешна соговорничка е Александра Стојановска, кај пријателите позната како Саша. Нејзината лична приказна е уште еден убав пример за успешна приказна која може да мотивира и инспирира. Таа веќе 6 години живее во Минхен, Германија и моментално работи како процес експерт и проектен менаџер во одделот на корпоративно управување на глобалните сервиси во Осрам. Со неа разговаравме за најзините почетоци во кариерата и како изборот на IBA мастер програма на SEB LU и помогнала да стигне таму каде што е сега. Таа верува дека вложувањето во себе секогаш се исплати, почнувајќи од малите работи како на пример одење секој ден на работа со точак.
Што работеше пред мастер студиите на SEB LU?
Пред студиите на SEB LU имав дипломирано на КТИА на Електротехничкиот факултет во Скопје. Никогаш не станав програмер, но не побегнав ни далеку од вокацијата. После неколку годишно работење со веб сајтови добив можност да работам на имплементација на бизнис софтвер. Новиот фокус бараше интензивна работа со колегите од финансии. Барајќи одговори на одредени прашања сватив дека ми е потребно дополнитено образование во областа на финансиите.
Зошто и како се одлучи да запишеш мастер студии и зошто баш IBA мастер програмата на SEB LU?
Имав повеќе причини зошто ја одбрав IBA мастер програмата на SEB LU во 2007та година. Уште тогаш знаев дека сакам да патувам и да работам надвор од Македонија, па ми требаше сертифицирана, светски акредитирана програма која ќе ми помогне да стојам рамо до рамо до интернационалните колеги.
Ми беше многу важно да студирам на англиски, програмата да ги следи новите трендови во светот и да ми предаваат квалитетни професори. И секако, сакав да учам со студенти кои не се почетници во своите професии, туку веќе етаблирани професионалци. Сите мои очекувања па и повеќе ги исполни SEB LU.
Програмата е 3 пати сертифицирана (EQUIS, AACBS и AMBA) и факултетот е еден од најдобрите бизнис школи во светот. Предавањата на професорите многу пати ме импресионираа со актуелноста на примерите и применливоста на лекциите во секојдневната работа.
Дискусиите кои се развиава на предавањата со колегите/студентите ми беа дополнителни лекции кои се’ уште ги паметам и користам. И од оваа гледна точка сметам дека тогашната одлука беше правилна.
Како оваа програма влијаеше на твојот приватен и професионален развој?
Динамиката на програмата на факултетот бараше многу труд како и голема соработка со колегите/студентите за да се завршат испитите. Сите се поддржувавме и заедно ги работевме задачите. Имаше доста предизвици, но сепак заедно успеавме да стигнеме до крајот. Во меѓувреме, дружбата од клупа се продлабочи и се разви во вистинско пријателство кое и после 10 години продолжува да опстојува и од срце можам да кажам дека е една вистинска придобивка.
Што најмногу ти се допадна од IBA мастер програмата на SEB LU?
Презадоволна сум од IBA мастер програмата на SEB LU. Фактот дека студирав на една од најдобрите бизнис школи директно во Скопје, без дополнителни трошоци кои ги имаат студентите кои патуваат во странство ми овозможи релаксирано да се фокусирам на студиите и на обврските од секојдневието. Не требаше да размислувам дали треба да ја напуштам работата, фамилијата и пријателите или како ќе се финасирам додека живеам во странство.
Би додала дека одличната организација на предавањата и испитите ни овозможи континуирана работа, а не кампањско учење и можеби уште поважно лесна соработка со професорите и останатите студенти. Знаењето и искуството кое го добив во текот на студиите ми помогна да се изградам како професионалец и да ја изградам мојата кариера.
Посебно ми е драго што Алумни клубот на SEB LU е активен и ми нуди можности да го ширам мојот професионален круг (networking) во Македонија, Словенија и пошироко. На настаните организирани од Алумни клубот и SEB LU пронаоѓам секогаш интересни теми на кои можам да ги слушнам размислувањата за новите трендови од светот на економијата и финансиите од страна на професорите и/или нивните гости и да ги поставам моите прашања.
Би сакала да ја искористам оваа прилика да ги поканам читателите да дојдат на отворениот ден на SEB LU во Public Room на 27.06 (четврток) со почеток од 19 часот. Таму ќе можат да се запознаат со дел од Алумни клубот и да ги добијат сите информации поврзани за новите уписни рокови.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА