Рафаел Надал ќе заработи околу 2,6 милиони евра доколку триумфира на Аустралија опен, но со таа сума би можел да купи само три часовници чие заштитно лице е шпанскиот тенисер.
Имено, најновиот модел на часовникот „Richard Mille“ што може да се забележи на раката на Надал за време на настапите на првиот гранслем турнир годинава чини неверојатни 845.000 евра. Шпанскиот тенисер има беспрекорна соработка со швајцарската компанија за часовници уште од 2010 години, во изминатиот период носеше неколку модели што беа изработени специјално за него, но овој последниот дефинитивно е убедливо највредниот од сите досегашни.
„Вредноста на овој часовник не е во некаква дијаманти или злато, туку во механиката, која е единствена од ваков вид што се применува во оваа индустрија. Во него е вложен огромен труд, па јасно е дека ние сме бескрајно горди од финалниот производ“ – истакнаа од компанијата „Richard Mille“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА