Знаменосецот на Италија го загубил венчаниот прстен во Сена: „Жал ми е љубов моја“

Отворањето на Олимписките игри во Париз ќе останат посебен спомен за италијанскиот скокач во височина Џанмарко Тамбери. Впрочем, освен што ја имаше честа да го носи знамето на својата земја додека пловеше по реката Сена, спортистот познат по својот карактеристичен имиџ во процесот на веење на знамето остана без венчалниот прстен.

Во објава на социјалните мрежи тој откри дека ова сентиментално парче накит го нашло својот дом на дното на најпознатата француска река, а на сопругата Кјара и испратил извинување кое насмеа многумина.

Џанмарко на својот Инстаграм профил напиша:
„Жал ми е љубов моја, многу ми е жал. Премногу вода, премногу килограми изгубени во последните неколку месеци или можеби неконтролиран ентузијазам за време на отворањето. Веројатно сите три работи, само тоа што го видов како лета… Го следев со моите очи додека не го видов како скока во чамецот.  За жал, отскокнувањето беше во погрешна насока и лебдејќи повеќе од илјада пати во воздухот, го видов прстенот како се нурнува во водата како да е единственото место на кое сакаше да биде. Тие неколку моменти траеја цела вечност“.
Италијанецот го опиша кобниот момент на губењето на прстенот , но на крајот сепак заклучува:
„Ако беше судено да се случи, ако навистина ќе ја загубам вербата, не можев да замислам подобро место. Ќе остане засекогаш во коритото на градот на љубовта , одлета додека се обидував што повеќе да го истакнам италијанското знаме на отворањето на најважниот спортски настан во светот. Ако треба да измислам изговор, никогаш не би бил толку имагинативен. Мислам дека несреќата може да има и голема поетска страна , а ако сакаш и твојот венчален прстен ќе го фрлиме во таа река за да бидат засекогаш заедно, а ние ќе имаме уште еден изговор да ги обновиме нашите завети. Те сакам љубов моја – напиша Тамбери и изрази желба да донесе злато дома, со тоа што ќе го освои златниот медал.

Се вчитува...