Француската двојка Габриела Пападакис и Жил Сизерон освоија златен медал во дисциплината „слободен танц“ во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Тие освоија вкупно 226,98 поени што е светски рекорд. Најдобри беа по првиот задолжителен дел од програмата, а предноста само ја зголемија по слободната програма.
Одличната двојка е првпат на олимпискиот трон. Пред четири години тие го освоиле второто место во Пјонгјанг. Инаку, во својата кариера досега имаат четири светски титули.
На второто место завршија Русинките Викторија Синицина и Никита Кацалапов. Нивниот слободен настап донесе 131,66 поени или вкупно 220,51.
Another World Record! 🌍⛸️
Gabriella Papadakis and Guillaume Cizeron of France have made history yet again with a combined score of 226.98 in the #FigureSkating ice dance!#Beijing2022 | #StrongerTogether | @EquipeFRA pic.twitter.com/DwQaXjchcq
— Olympics (@Olympics) February 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА