Францускиот бијатлонец Квентан Фијо-Маје е победник на индивидуалната трка на 20 километри во бијатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг. Французинот иако двапати промаши на стрелиштето сепак со одлично скијање успеа да стигне до најсјајното одличје.
До сребрениот медал сензационално стигна Белорусинот, Антон Смолски кој не промаши ниту една мета на стрелиштето. Сепак и покрај двете промашувања помалку од Фијо-Маје немаше сила за тотална сензација и на крајот заврши 14.8 секунди зад времето на победникот.
Првиот фаворит и бранителот на златото од минатите игри во Пјонг-Чанг, Норвежанецот Јоханес Тингнес-Бо на крајот го освои бронзениот медал со 31.1 секунда послабо време од Маје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА