ЗОИ – ХОКЕЈ: Фаворитите ја потврдија својата улога

Хокејарските натпревари на Зимските олимписки игри во Пекинг продолжија денеска со четири натпревари во кои немаше изненадувања, а фаворитите ја потврдија својата улога.

Шведска славеше над Летонија со 3-2 во најнеизвесниот натпревар на денот. Швеѓаните стигнаа до предност од 1-0 уште во првата третина, а во втората го зголемија водството на 3-1. Летонците ја вратија негавата од само еден гол во последната третина, но не успеаја да изедначат за реми на отварањето.

Финска беше подобра од Словачка со 6-2 во натпревар кој Финците одлично го отворија за предност од 3-1 по првата третина, а по изедначаната втора третина (1-1) победата беше потврдена во третата во која „сино-белите“ постигнаа два гола.

Канада немаше проблеми против Германија славејќи со 5-1. Канаѓаните победата ја најавија уште на самото отварање со водство од 3-0 по првата третина, 4-1 по втората, а третите 20. минути ги добија со 1-0.

САД го декласираше домаќинот на Игрите – Кина, славејќи со убедливи 8-0. Американците по првата третина имаа предност од 1-0, а победата ја потврдија веќе во втората во која постигнаа три гола во мрежата на Кинезите, потоа продолжувајќи во ист ритам и во последните 20. минути во кои постигнаа четири гола, а не примија ниту еден.

Се вчитува...