Русија го освои екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг, а Камила Валиева е првата жена што направи четирикратен скок на олимпиското натпреварување. Викторија Синичина, Марк Кондратјук, Анастасија Мишина, Камила Валиева, Никита Кацалапов и Александар Галијамов им донесоа убедлива победа на Русите, пред големите конкуренти од САД кои на крајот го освоија среброто. Третото место и бронзените недали отидоа на градите на натпреварувачите од Јапонија.
Русите го обезбедија златото уште пред слободна програма за жени, но 15-годишната сензација Валиева го одбележа натпреварувањето со голем стил. Таа направи два четирикратни скок-вртења пред да падне во третото изведување, но сепак го освои првото место со резултат 178,92 пред Јапонката Каори Сакамото (148,66) и третопласираната Канаѓанка Медлин Шизас.
Русија првпат ја освои титулата во оваа екипна дисциплина која влезе на олимписката програма во 2014 година во Сочи.
Kamila Valieva for those who missed pic.twitter.com/1du47fhvO4
— 流星 (@2B12FxaEvT8G6pl) February 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА