Џанфранко Ѕола се врати во Челси. Тој ќе му биде помошник на новиот тренер, Маурицио Сари. Поранешниот италијански интернационалец мина седум години кај „сините“ од Лондон. Период во кој имаше 300 настапи и 80 постигнати гола.
„За мене ова е неверојатно. Подготвен сум да работам напорно зошто ова ќе биде голем предизвик. Задоволен сум што сум тука и што ќе работам заедно со Маурицио. Ќе биде одлично ако заедно постигнеме успех. За клубот ќе го направам најдоброт што го знам, како што правев и во минатото. Ќа дадам се од себе на новата позиција. Генерално, многу му се радувам на новиот предизвик. Би сакал добро да почнеме“ – вели Ѕола во првата изјава по промоцијата.
Маурицио Сари вчера беше официјално промовиран, по што новиот тренерски тандем синоќа го поведе Челси на претсезонската турнеја во Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА